Македонски јазик и литература за матурски испит

700 ден

Почитувани матуранти

Прирачникот Македонски јазик и литература за матурски испит е наставно помагало кое ќе ви ја олесни подготовката за полагање на државната матура. Овој прирачник го содржи севкупниот материјал од прва до четврта година за гимназиско и средно стручно образование предвиден со програмата за полагање завршен матурски испит, што ќе ви овозможи без тешкотии да го подготвите државниот матурски испит.

Долгогодишната работа во наставниот процес ми овозможи наставниот материјал да ви го презентирам со едноставен стил, се надевам разбирлив и близок за вас што ќе ви го олесни неговото усвојување, а со тоа ќе ви овозможи и солидна подготовка за завршниот испит.

Со желба за успех и подобри резултати во делот Литература, на крајот од секое разработено дело ви го сублимирав најважното именувано како: да се запомни.

Прирачникот го завршив со тест со цел да видите како приближно изгледаат формулациите на прашањата од завршниот испит.

Ви посакувам многу среќа и успех!

Тежина 0.4 кг
Димензии 24 × 17 × 2 cm
ИСБН

978-608-253-342-1

Корица

мека

Година на објавување

2026

Број на страници

382

Писател

Ленка Панчевска

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×