Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9

Лив живее повлечено во норвешкиот град Сандефјорд. За
својот син е подготвена на сè, дури и да го сокрие своето
минато. Но, кога тајните полека испливуваат на површината,
нејзиниот живот се претвора во кошмар.
Анастасија, младата Русинка, конечно ги остварува своите
соништа во Милано. Фотосесии, модни ревии и луксузни
забави. Но, зад светлата на модните писти демне темнината
на моќните и богати мажи, од која ќе мора да побегне по
секоја цена.
Селма е истрајна новинарка од Осло што ги истражува
корупцијата и тајните на модната индустрија. Кога Лив и
нејзиниот син исчезнуваат, таа има можност да ја напише
приказната на кариерата и така доаѓа до уште пострашни
откритија.
„По нејзиното заминување“ е вознемирувачки и возбудлив
психолошки трилер за убавината, моќта и лагите. Само
симнувањето на сите маски може да открие што навистина се
крие зад совршените фотографии и светкавите сцени.
| ИСБН | 978-608-253-319-3 |
|---|---|
| Корица | мека |
| Наслов на оригиналот | After she’d gone / Alex Dahl |
| Година на објавување | 2025 |
| Превод | Милан Велкоски |
| Број на страници | 330 |
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.