Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9

За Божик се случуваат чуда, ама не и за Ник. Тој ја изгуби
работата како добро платен лондонски корпоративен адвокат,
картичката му е речиси испразнета, а неговата девојка
веднаш го напушти. Му останува само да се самосожалува во
апартманот што го дели со својот најдобар пријател и колега
кој подобро се снаоѓа во животот.
Ник бара работа – каква и да е!
Без волја прифаќа привремено да работи како Дедо
Мраз во локалниот трговски центар. И така ќе го сретне
четиригодишниот Алфи. Сè што Алфи сака за Божик е
Сара, неговата мајка, да биде повторно среќна. Трогнат од
несебичната желба на детето, Ник ќе се сети на една многу
добра идеја. Тој ќе ѝ организира состанок на Сара, што
можеби ќе донесе голем пресврт во неговиот живот…
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.