Опис
Колку пати овој град пукал во сите нас…
Некој конечно го бара познатиот истанбулски детектив Ремзи Унал, кој мисли дека исчезнува од јавната сцена на велеградот, бидејќи одамна не добил ниту еден случај. Го бара Кемал Арсан, млад лекар кој ја бара својата исчезната девојка, Беѓум Калјон. Таа е медицинската сестра, која исчезнала пред една недела. Не се јавува на телефон, ниту некој ја видел. Детективот Ремзи Унал, поранешен цивилен пилот, кој своето истражување го започна со испрашување на блискиот круг на исчезнатата медицинска сестра, заклучува дека таа многу се плаши од нешто и оди кај нејзината блиска и искрена пријателка.
Но…, наидува на необична глетка која обичниот случај на исчезнување го претвора во планиран случај на убиство: наоѓа труп на млад човек кој со еден куршум бил застрелан во срцето. Она што уште повеќе изненадува е идентитетот на жртвата… Џелил Окер, мајсторот на детективската литература, ги води читателите во авантура полна со изненадувања и пресврти, каде што се тестираат границите на човековата интелигенција. Со неговиот роман „Не пукај Истанбул“ ги освојува срцата создавајќи детективска авантура, со совршен заплет кој генијално ги
спојува неизвесноста и суптилниот хумор…
Џелил Окер (1952 – 2019) е роден во Кајсери, дипломирал англиски јазик и книжевност на Неговите детективски романи „Труп вреден илјада акции“, „Една капа еден пиштол“, „Гол труп“, „Труп со крампони“, „Победен и осамен“, „Последниот труп“ и „Бела ракавица и жолт плик“ со главниот детектив Ремзи Унал станаа најбараната детективска литература. Неговите романи се објавени во Германија, Шпанија, Грција и Холандија.
Критики
Нема критики сеуште.