Дијалектолошки анализи

400 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 40 Поени!

Во издание на „Бата прес“, на 21 мај излезе од печат книгата „Дијалектолошки анализи“ на Васил Дрвошанов. Книгата, како што соопшти авторот, содржи десет прилози за македонските говори – за кичевскиот, скопскиот, радовишкиот, беровскиот, мегленскиот, ениџевардарскиот, кукушкиот, чифлиџичкиот, кулскиот и кривопаланечкиот.

 

 

Авторот наведува дека анализираните дела се единствени од тој вид во македонската наука за јазикот, а написите за нив се објавувани во периодика во текот на три децении.

 

 

 

 

-Заедничка нишка што ги поврзува сите написи е потврдата за посебноста на македонскиот јазик. Оценките за анализираните студии во овој македонистички труд го докажуваат единството на македонскиот дијалектен систем различен од дијалектните системи на другите јазици, се посочува во соопштението на Дрвошанов.

Автори на разгледуваните книги се македонските научници-дијалектолози: Веселинка Лаброска, Гоце Цветановски, Стојка Бојковска, Илија Бетински, Максим Каранфиловски, Коста Пеев, Светлана Давкова-Ѓоргиева и Еленка Стоевска-Денчова.

Писател

Васил Дрвошанов

Васил Дрвошанов е јазичар, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултетдипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник / редовен професор во пензија. Дрвошанов бил виш научен соработник и директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје (1990–1995); заменик-министер во Министерството за наука на Македонија (1996–1998); еден од основачите, прв продекан и редовен професор на Педагошкиот факултет во Скопје (1996–2012); главен уредник на ревијата за литература, култура и уметност на Друштвото на писателите на Македонија „Стожер” (2002–2004); уредник или соуредник на десетина зборници научни трудови и др. Со свои прилози тој има учествувано на осумдесет и пет домашни и меѓународни научни конгреси, конференции и собири. Има објавувано свои научни и стручни прилози во голем број зборници, списанија и весници. Списокот на објавените трудови содржи над четиристотини библиографски позиции.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×