Карусел

300 ден

Категорија Ознака:

Опис

На самиот крај на дваесеттиот век во родното провинциско гратче ‒ замисленото, а толку вистинско Градец ‒ од Америка на погребот на својата помајка доаѓа Мирослав/Фредерик и ја среќава својата неостварена љубов од детството, незаборавната Габриела, чие што бегство со циркусот го обележало целиот негов живот.
Двајцата старци се обидуваат да го разгорат пламенот на мла-дешката љубов во светот кој исчезнува, кој што исто како и столе-тието зад нив се топи како шеќерна волна. Габриела и Мирослав тоа време го проживеале сосема различно и низ нивните судбини тоа се преломува како во куќа со многу огледала.
Мирослав е Евреин, на кој кога бил дете не му било кажано за неговото еврејско потекло. Тој е салонски левичар, скептик, ин-дивидуалист, научник што секогаш се сомнева, а верува само во идеалите за подобро и поправедно општество. За разлика од него Габриела, отсекогаш подготвено ја прифаќа секоја вера, било да станува збор за социјализмот, католицизмот и национализмот, а сега верува во потреба за мир и соживот. Таа на секоја вера ѝ се препушта во целост, безрезервно во неа се внесува самата себе и својата дарба за претскажување на иднината и лечење со стари, речиси вештерски методи.
Низ судбината на овие необични обични јунаци Бауер дал плас-тична слика на хрватската провинција, нејзините жители и предра-судите што отсекогаш ги оптоваруваат. „Карусел“ е роман со силни ликови чии човечки судбини имаат универзална вредност, а нивни-те обиди да ја преживеат мелницата на големата историја добиваат карактеристики на вистинско херојство.

„Карусел“ е темелно замислен роман и тоа го прави за еден од најдобрите романи на современата хрватска проза.
Матко Владановиќ

Бауер со овој вешто и со умеење напишан роман повторно нуди ’новоисториски‘ теми од ’слабата‘ позицијата на поедине-цот како жртва…

Јагна Погачник

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Карусел”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *