Ново Каиро

299 ден

Категорија

Дејствието е во триесеттите години во Каиро, во период кога владеат големи социјални и економски нееднаквости. Исто така, тоа е период на промени, кога универзитетите се отвориле за жените и нови-те идеологии увезени од Европа што предизвикува-ат дебати меѓу младите. Махџуб е енергичен и горд студент што се одлучил да ги крие сиромаштијата и недостатокот на принципи од неговите другари… идеалисти. Штом ќе види дека нема работа за оние без врски, во очај прифаќа да учествува во однапред смислена измама. Но, она што го започна како мала стратегија за преживување, ќе стане многу поголема работа за двајцата, и за Махџуб и за неговата партнерка во скандалот, подеднакво очајната млада жена Ихсан. Како што се пробиваат во раскошното и ви-соко општество на Каиро, нивната несигурна игра почнува да се открива и станува јасно дека за договорот со ѓаволот, Махџуб ќе треба да плати висока цена.

Писател

Нагиб Махфуз

Нагиб Махфуз е роден на 11 декември 1911 година во Каиро, а умрел на 30 август 2006 година. Тој е египетски филозоф, романсиер и драмски писател. Во 1988 година тој стана првиот и засега единствен добитник на Нобеловата награда за литература од арапскиот свет.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×