Џози Силвер е авторка на романтични љубовни приказни. Нејзиниот прв роман „Еден ден во декември“ (Бата прес, 2020 година) беше на бестселер листата на Сандеј тајмс и Њујорк тајмс и преведен е на повеќе од 30 јазици, а по истата книга се снима и серија на „Нетфликс“. Нејзини познати дела се и романите „Двајца во едно срце“ (Бата прес, 2022 година) и „Една ноќ на островот“. Џози живее во Вулверхемптон, „мал“ град во внатрешноста од Обединетото Кралство, заедно со нејзиниот сопруг и нивните синови.