Ихсан Абдел Кодус (1919 – 1990) е еден од најдобрите и најпопуларни писатели на арапска белетристика во дваесеттиот век. Роден во Каиро, Египет, Абдел Кодус дипломирал на правен факултет во 1942 година, но ја напуштил својата адвокатска практика за да започне долга и успешна кариера во новинарството. Тој бил уредник на дневниот весник „Ал-Ахбар“, неделникот „Роуззе ал-Јусуф“ и исто така бил главен уредник на „Ал-Ахрам“. Автор на десетици книги, неговите контроверзни статии и политички ставови предизвикале тој да заврши во затвор, и тоа не само еднаш.