Жеси Еншоспе

Жеси Еншоспе (Jessie Inchauspé) е родена во 1992 година. Таа е биохемичарка и успешна француска авторка. Ја формирала заедницата „Божица на гликозата“ и има дадено налог на „Инстаграм“, како и на „Јутјуб“ под името „Гликозна револуција“.
Таа е авторка на два меѓународни бестселери „Направете ја вашата Гликозна револуција“ и „Методот на Божицата на гликозата“ и е презентер на своите научни истражувања на повеќе телевизиски канали во Лондон, Луксембург и други градови.
Во 2012 година завршила математички колеџ во Лондон, потоа работела на „Универзитетот Пенсилванија“. Магистрирала биохемија во Џорџтаун. Во несреќата кога имала 19 години доживеала голема повреда и од тогаш ја изучува медицината и прави научни истражувања што се однесуваат на гликозата и нејзиното влијание на здравјето на човекот.
„Божица на гликозата“, нејзиниот налог на „Инстаграм“, има преку пет милиони следбеници, а нејзината книга „Гликозна револуција“ е преведена на преку 40 јазици и е продадена во повеќе од еден милион примероци. Таа е еден од бестселерите на Њујорк тајмс.