Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9
Елизабета Бандиловска е лингвистка, лекторка, лексикографка, поетеса и просветно-научна работничка. Родена е 1973 година во Ресен. Работи како редовна професорка на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје каде што предава предмети од областа на македонскиот јазик. Коавторка е во шесте тома „Толковен речник на македонскиот јазик“
и член на редакцијата на е-изданието на
Речникот. Авторка е на три книги од областа на македонската лексикологија. Коавторка е на два учебници од областа на македонскиот јазик.
Добитничка е на државната награда „Гоце Делчев“ за 2015 г.
Претседателка е на Здружението на лекторите на РСМ.
Член е на Друштвото на писателите на РСМ.
Збирката песни „Скршена тишина“ е нејзина четврта поетска книга. Досега ги има објавено збирките песни „Самовилска сонувалка“ (2017), „Река без брегови“ (2019) и „Здивот на полноќта“ (2019).
Прикажан е еден резултат