Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9
Од дванаесетти до деветнаесетти септември, во сите маркети на „Стокомак“, нашите најнови книги, романсата „Да се украде срце“ од Кејт Бејтман и психолошкиот трилер „Пријателки“ од Алекс Дал по одлична цена од само 199 денари. Оваа цена важи само во маркетите на „Стокомак“ и само за време на акцијата.
Кратка содржина на „Да се украде срце“:
ПАРИЗ, ЈУНИ 1815
Присилена од наредбата на корумпираниот министер, Мариен Бонард се согласува да подметне докази во канцелариите на најозлогласениот француски шпион. Прикриена од темнината во ноќта, убавата Мариен ја користи својата вештина и тивко оди по акробатската жица што води до прозорецот на шпионот. Но, додека светлината на месечината го осветлува движењето на нејзиното витко тело, Николас Валет, познатиот и згоден шпион, ја набљудува нејзината неверојатна изведба. Пред да пристигне, Николас изненадувачки ја пречекува на прозорецот, а Мариен нема друг избор освен да се предаде на својата мета, во прегратката и цврстите раце на Николас. Во моментот кога Мариен ќе влезе низ прозорецот, нејзиното тело трепери, не само од страв туку и од страста што ја чувствува кон елегантниот Николас, но и од предлогот што тој ѝ го нуди. Восхитен од способностите на очекуваната натрапничка, Николас веднаш ѝ смисли задачаза својата следна мисија. На почетокот Мариен не сака да севпушти во таква акција, но потоа наоѓаат заеднички непријател и тоа силно ќе ја поттикне да соработува со Николас. Иако за Николас ова ќе биде како да се обидува да припитоми диво животно, каков е тој живот ако не се преземе нималку ризик?! На крајот на краиштата, и двајцата подеднакво сакаат едно исто нешто: вкусот на одмаздата. Или можеби вкусот на нешто уште повозбудливо…
Кратка содржина на „Пријателки“:
Шарлот Винџ е позната низ цела Норвешка: води телевизиска емисија за готвење. Таа е кралица на кетo-диетата, а сега кариерата ја шири и во Англија, каде што живее. Шарлот на прв поглед „има сѐ“. Кога ќе ја запознае Бјанка Лангленд, тие двете, како сродни души, веднаш се пронаоѓаат. Бјанка е креативна, уметничка душа, а Шарлот се чувствува малку опуштено, малку диво. Двете жени наскоро стануваат неразделни. Но, кога Шарлот, заедно со пријателките, ќе ја одведе Бјанка на одмор на Ибица, нивното пријателство добива мрачна страна. Она што требаше да биде одмор на сонце, море и коктели набрзо станува вистински кошмар. Може ли она што се случи на Ибица да остане таму? Или настаните од одморот ќе се одразат и на совршено планираниот живот на Шарлот дома?