Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9
УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И/ИЛИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
Овие Услови за купување на производи преку интернет (понатаму: Услови за онлајн купување), заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап и користењето на нашата интернет продавница www.batapress.mk и купувањето на производи и/или услуги нарачани преку нашата интернет продавница.
Со нарачката на производи и/или услуги од нашата интернет страница, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со овие Услови за онлајн купување и со останатите погоре наведени политики.
(1) Вовед
Ве молиме прочитајте ги овие Услови за онлајн купување внимателно.
Од Вас ќе биде побарана согласност дека сте се согласиле со овие Услови за онлајн купување пред да можете да извршите нарачка за купување на производ и/или услуги од интернет продавницатa www.batapress.mk
(2) Толкување на поимите
Во овие Услови за онлајн купување, “ние” значи Бата пресс милениум д.о.о. Скопје (“нас” и “нашите” ќе се толкува соодветно); и “Вие” значи нашите купувачи или потенцијални купувачи на производи и/или услуги (“Вашето” ќе се толкува соодветно).
Ние нема да Ви доставуваме примерок од овие Услови за онлајн купување посебно во врска со Вашата нарачка. Ние можеме да ја ажурираме оваа верзија на Услови за онлајн купување од време на време и не гарантираме дека верзијата со која сте се согласиле ќе остане достапна за увид на нашата интернет страница. Затоа, ние препорачуваме да ја преземете, испечатите и да задржите копија од овие Услови за онлајн купување за Ваша евиденција.
(4) Производи или услуги
Сите наши производи и/или услуги презентирани на нашиот веб-сајт се достапни за онлајн купување. Сепак, некои производи и/или услуги може да не бидат достапни во моментот на процесирање на нарачката.
(5) Цени и плаќање
Цените за производите и/или услугите се дадени на нашата веб страница.
Дополнително на цените за производите и/или услуги, Вие ќе бидете задолжени и со плаќање на испораката, што ќе биде истакнато одделно под цената за производот и/или услугата.
Плаќањето мора да се направи по поднесување на Вашата нарачка. Ние може да ги задржиме производите доколку Вашето плаќање не е извршено во целост.
Прикажаните цени на интернет страницата се со вклучен ДДВ.
Плаќањето за сите производи и/или услуги мора да се направи со следење на инструкциите на веб страницата www.batapress.mk го задржува правото да врши промена на цените во било кое време.
(6) Начин на испорака
Ние ќе организираме производите да се достават на адресата за испорака што е наведена во Вашата нарачка.
Ние ќе вложиме разумни напори да ги испорачаме производите и/или услугите во рок на испорака наведени на самиот производ на нашата веб страна, сметано од нашата потврда на Вашата нарачка.
(7) Ваши гаранции
Вие ни гарантирате дека:
(а) Вие сте правно способни за влегување во обврзувачки договори и имате целосно овластување, моќ и капацитет да се согласите со овие Услови за онлајн купување;
(б) информациите наведени во Вашата нарачка се точни и целосни; и
(в) Вие ќе бидете во можност да ја примите испорака на производите и/или услугите.
(8) Виша сила
„настан на виша сила“ значи:
(а) секој настан кој е вон разумна контрола;
(б) недостапноста на суровини, делови на производите; и/или
(в) прекин на снабудувањето со електрична енергија, индустриски спорови со други лица, државна регулатива, пожари, поплави, катастрофи, граѓански немири, терористички напади или војна.
Кога заради виша сила нема да успееме да ги извршиме своите обврски во согласност со овие Услови за онлајн купување, таквите обврски ќе бидат одложени за времетраењето на настанот на виша сила.
Доколку ние станеме свесни за случај на виша сила која доведува до, или што е веројатно да предизвика, било неуспех или при извршување на нашите обврски во рамките на овие Услови за онлајн купување, ние ќе Ве известиме веднаш.
Ние ќе преземеме разумни чекори за ублажување на последиците од кој било настан на виша сила.
(9) Општи одредби
Сликите на производите и/или услугите на нашата веб страница се само за илустративни цели; вистинските производи може да се разликуваат од таквите слики.
Ние ќе ги третираме сите Ваши лични информации кои ги собираме во врска со Вашата нарачка во согласност со условите на нашата Политика за приватност.
Ако некоја одредба од овие Услови за онлајн продажба се смета за неважечка или неприменлива од страна на надлежниот суд, останатите одредби ќе останат во полна сила и ефект, а таквата неважечка или неспроведлива одредба или дел од истата ќе се смета за неважечка.
Овие услови за онлајн продажба го содржат целосниот договор и разбирање помеѓу страните во однос на купување на производи и/или услуги од нашата веб страница.
Овие услови на продажба ќе бидaт регулирани со законите на Р. Македонија и надлежност да ги решава споровите што произлегуваат од или во врска со овие Услови за онлајн продажба има Основниот суд Скопје 2 Скопје.