Фатаморганата

700 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 70 Поени!

„Фатаморганата“ е приказна за напрегнат млад човек што бил под огромно влијание на својата мајка, при што нејзината смрт го остава целосно изгубен во свет што за него е опасен и не може сам да го управува. Камил Руба е измачена душа што се надева дека пишувањето на приказната за својот живот ќе му помогне да исплива на површината и да го преземе кормилото на својот живот. Израснат од мајка што успева да го напушти насилниот сопруг и што станува премногу посесивна и заштитнички настроена кон својот син, тој долго време е одвоен од средината и физички и во поглед на своите чувства. Дејството на книгата се одвива во дваесеттите години од животот на Камил, кој се обидува да избега од гласот на својата мајка што постојано го прогонува. Во моментот кога ќе ја најде и успешно ќе ја освои жената од своите соништа, тоа изгледа како спасоносно ветување. Но, кога на виделина ќе излезат неговото неискуство за зрелата љубов, стравот и љубомората, животот на Камил повторно ќе биде на прагот од неизбежна несреќа, беда и штета.
„Фатаморганата“ е впечатлив пример за психолошко портретирање, препознатливо за раскажувањето на египетскиот добитник на Нобеловата награда за литература Нагиб Махфуз. Ова е длабок и обемен роман што не може речиси никого да остави рамнодушен и книга што долго се памети.

Тежина 0.5 кг
Димензии 21 × 14 × 3 cm
ИСБН

978-608-253-323-0

Корица

мека

Наслов на оригиналот

al-Sarabin / Naguib Mahfouz

Година на објавување

2025

Превод

Милан Велкоски

Број на страници

468

Писател

Нагиб Махфуз

Нагиб Махфуз е роден на 11 декември 1911 година во Каиро, а умрел на 30 август 2006 година. Тој е египетски филозоф, романсиер и драмски писател. Во 1988 година тој стана првиот и засега единствен добитник на Нобеловата награда за литература од арапскиот свет.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×