Срцето на Гавранот

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!

Август 1815 година
Вилијам де л’Ил, виконт Рејвенвуд е шпион познат како Гавранот. Toj e висок, згоден, смел и безмилосен маж што спасува заложници и заробеници од непријателските раце. Тој е ладнокрвен во овие драматични борби и неговиот пулс постојано е смирен. Но, она што лудо му го забрзува чукањето на срцето се копнежот и страста што се будат кога во близина е Елоиз Хампден, сестрата на неговиот другар. Токму поради тоа, Гавранот во минатото мораше да ја остави и да ја заборави.
Елоиз Хампден, или попозната како Огнена, е шармантна млада дама и, иако во минатото се здоби со лузна на нејзиното лице, нималку не се намалени нејзиниот блескав сјај и убавина. Но, покрај тоа што нејзиниот изглед лесно може да ги разбие срцата и на најсилните мажи, таа има неверојатна способност да разбива тајни кодови и шифри. Искрите од минатото што извираат од Огнена за Гавранот воопшто не се намалени.
Кога Елоиз Хампден ќе западне во неволја, лордот Каслреј ќе побара од Рејвенвуд да ја заштити. Се разбира, Гавранот ја прифаќа оваа задача со негодување. Тој си вети себеси дека веќе нема да го разгорува жарчето кон Огнена.
Може ли Гавранот да се воздржи во моментите кога ќе биде покрај Огнена, која стана цел на француските агенти?
„Срцето на гавранот“ е возбудлива историска романса, исполнета со шпионажа, страст и судбинска љубов што тешко може да се одбегне.

 

Тежина 0.3 кг
Димензии 25 × 14 × 3 cm
ИСБН

978-608-253-322-3

Корица

мека

Наслов на оригиналот

A raven‘s heart / Kate Bateman

Година на објавување

2025

Превод

Александра Златановска

Број на страници

334

Писател

Кејт Бејтман

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Вие исто така би сакале…

×