Последниот јаничар

500 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 50 Поени!

„Последниот јаничар“ е романизирана историја на Истанбул во 18 век. Зборува за судбината на заробениот руски војник Петру, кој по приемот на исламската вера го добива името Сари Абдулах и живее во најинтересната етапа од историјата на Истанбул и на Османлиската Империја, целата со мобилизации и војни. Како и во други свои дела, Чамуроглу и во овој историски роман сведочи за суштината и улогата на Бекташкиот ред во последните години на јаничарството. 

Реха Чамуроглу е роден на 20 август 1958 година. Основно образование завршил во Анкара, а средно училиште во Истанбул, откако завршува историја на Природноматематичкиот и литературниот факултет на Универзитетот „Богазичи“. Пишува во различни списанија, пред сѐ во списанијата „Кара“, „Ефендимис“, „Џем“ и „Нефес“ и работи во нив како раководител. 

Ги издал следниве дела: „Историја“, „Хетеродоксија и Бабајтата“ (1990), „Бекташтвото на јаничарите и случајот Шерие“ (1991), „Утрински ветер: Енелхак“ (1992), „Алевитството при изменети услови“ (1992), „Проблемите на денешното алевитство“ (1993), „Алевитството во 100 прашања“ (без потпис, 1995), „Исмаил“ (1999), „Последниот јаничар“ (2000), „Две и едно“ (2001), „Кратко  задоцнување“ (2005). 

Број на страници

352

Оригинален наслов

Son Yeniçeri / Reha Çamuroğlu

Корица

мека

Превод

Саки Јусуфовски

ИСБН

978-608-253-309-4

Година на објавување

2025

Писател

Реха Чамуроглу

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×