Опис
Дросос е младо момче, дете кое има тешка судбина. Тој е бегалец и живее нов живот во Атина. Дросос е во една многу трауматична состојба и тој мора да се снаоѓа во својот нов живот и новата средина и постојано да живее со надежта дека еден ден повторно ќе ги сретне мајка му и татко му, коишто се исчезнати. Мора да биде силен и да ја заштити и својата сестра Арети. Поради оваа состојба тој мора да најде начин да ја совлада траумата и покрај тоа што постојано ја занемарува реалноста во која се наоѓа и вистината со која мора да се соочи.
Оваа книга е инспирирана од вистински настани, од животот на група бегалци кои живеат во Народниот театар на Атина, во 1922 година, кога многу Грци од Мала Азија се доселени во Грција.
Иако оваа книга опфаќа тешки теми како што се загубата, болката и миграцијата, сепак е наменета за деца и млади, бидејќи таа е совршена почетна точка на младите и децата да се соочат со овие теми. Но, оваа книга може да биде и поучна бидејќи опфаќа и теми како што се сочувството и хуманоста.
Книгата ја доби исклучително значајната и популарна светска награда „Бели гаврани“ и националната награда „Кругот на грчки детски книги“.
Критики
Нема критики сеуште.