Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9

Во огнената светлина на парискиот мрак, Сабина де ла Тур фрла купишта фалсификувани банкноти во пламен – простувајќи се од својот двоен живот како една од најбараните криминалци во Европа. За време на владеењето на Наполеон, нејзините фалсификати го разнишаа целиот континент и ги претворија измамниците во богати луѓе. Но, сега таа и нејзиниот деловен партнер мора да побегнат од Франција или ќе завршат под сечилото на гилотината.
Единствената надеж за преживување во Англија е договор со човекот што цел живот го избегнува – британскиот шпион Ричард Хампден. А кога конечно ќе го сретне арогантниот агент лице в лице, Сабина ќе мора да се предаде на неговата милост.
Ричард Хампден, виконт Ловел, е подготвен да преземе секаков ризик за да ја заштити Англија од ужасите на Француската револуција. За да ги извлече бунтовниците од сенките, тој дури е подготвен да склучи пакт со својот најголем непријател – Филип Лакорт, најголемиот фалсификатор во Европа. Но, кога ќе открие дека зад тоа име се крие дрска, духовита и неодоливо привлечна млада жена, Ричард е подеднакво шокиран… и возбуден.
| Тежина | 0.3 кг |
|---|---|
| Димензии | 25 × 14 × 3 cm |
| ИСБН | 978-608-253-328-5 |
| Корица | мека |
| Наслов на оригиналот | A counterfeit heart / Kate Bateman |
| Година на објавување | 2025 |
| Превод | Александра Златановска |
| Број на страници | 330 |
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.