Опис
Откако ќе го фати своето момче во кревет со друга девојка,
Џована ди Анџело Карпи сака да замине од Торино, нејзиниот
роден град, за време на летните одмори и да отпатува на брегот
на Лигурското Море. Но, не заминува сама. Патува заедно со
својата најдобра пријателка уште од детството и цимерка, црномурестата убавица Валентина Понти. На азурниот брег, на ривиерата на цвеќињата, во земјата на боите, во едно мало, крајбрежно место како од бајките, Џована запознава едно згодно
момче што работи во локалната кафе-бар книжарница, а Валентина го среќава шармантниот скулптор во познатата уметничка
галерија. Тие двајцата на двете пријателки им помагаат да ги
откријат убавините на Санто Стефано ал Маре. Но, не само тоа.
Овие навидум невини и безгрижни познанства на двете пријателки засекогаш им ги менуваат животите.
Една љубовна афера, една рибарска куќа на брегот и една напуштена семејна куќа во ридовите засадени со виново лозје и
љубов што се раѓа со многу романтика под летното ѕвезденото
небо ќе ја одредат иднината на четворица млади луѓe.
Критики
Нема критики сеуште.