Опис
Може ли еден гусар да разбере дека вистинското богатство лежи во срцето на една жена?
Сајланс Холингбрук е сиромашна, убава и љубезна дама – и пред девет месеци направи страшна грешка. Побара помош од гусарот за да си го спаси мажот и притоа се согласи на спогодба што ќе ја чини брак. Таа ноќ беше толку многу повредена што дури остана во сиропиталиштето во кое му помагаше на својот брат Винтер. Но, нејзиниот мир имаше краток рок на траење.
„Шармантниот“ Микеј О’Конор е најнемилосрдниот гусар во Лондон. Тој е неодоливо привлечен и интелигентен и успеа да се пробие на врвот на лондонското подземје.
Кога неговата вонбрачна ќерка, чија мајка е умрена, ќе му ја остават за да се грижи за неа, Микеј не може да одолее на поривот детето да го остави на куќниот праг на Сајланс…
Ова е третата од неколкуте романтични и секси љубовни романси што авторката Елизабет Хојт ги објави по 2010 година. Најпребирливите читатели неодамна имаа можност од оваа серија на македонски јазик да ги прочитаат историските љубовни романси „Опасни намери“ и „Забранети задоволства“. Во романот „Скандалозни страсти“ ќе се потсетат и на тие настани и на главните ликови.
„Роман што ја враќа вербата во магијата на љубовта“, Романтик тајмс.
Оние што сакаат да ги набават двете претходни книги од Елизабет Хојт објавени на македонски јазик можат да ги нарачаат под поволни услови на www.batapress.mk и во поголемите книжарници во државата.
Критики
Нема критики сеуште.