Оваа слобода

200 ден

Нема на залиха

Категорија Ознака:

Опис

Книга што нема да ви дозволи да ги задржите солзите во себе. Трагична, но не и патетична. Храбриот и силниот Капело, во автобиографската новела, ја прифаќа судбината, онаква каква што е. „Слобода е збор без тело. Како душа. Како љубов.“ Капело раскажува за своето детство, за откривањето на книгите, пропаѓањето во вителот на инвалидитетот и очајот и борбата да ја надмине реалноста за повторно да најде надеж и волја за живот. Читањето и моќта на имагинацијата му овозможуваат на нараторот врзан за кревет, во тело што не го препознава како свое, да најде нови начини да се чувствува и да живее слободно, и покрај физичките ограничувања што му ги наметнува предавничкото тело.
Романот Оваа слобода, микрокосмос што ја претставува човековата состојба, според жири-комисијата за наградата „Терцани“, раскажува за „процесот на едно лично достигнување што, поради својата егзистенцијална суштина и поради врската со еден конкретен историски и географски контекст, поврзува една лична приказна со искуството на цел еден колектив. Слобода е достигнувањето на оној што не ѝ се препушта на малодушноста и знае како да реагира, прифаќајќи го животот поради она што сè уште може да го пружи…“

Писател

Пјерлуиџи Капело

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.