Медо Чедо помага за Божик

499 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 50 Поени!

Опис

Медо Чедо дојде да му помогне на Дедо Мраз да се подготви за еден многу посебен ден!

Празнична забава со дебели лизгачи што се влечат и туркаат.

Интерактивни сликовници од серијалот „За вешти прстиња“ од Бенџи Дејвис, со механизми за развој на моториката кај децата. Прозорчиња што излегуваат со помош на тркалца и други елементи што се извлекуваат и вовлекуваат и се вистинска забава за целото семејство. Книгата има и едноставен римуван текст со впечатливи, прекрасни цртежи.

Исклучително популарни книги во светот и еден од најпродаваните серијали, во кои најмногу ќе се пронајдат малечките од 1 до 3 години, но се разбира ги охрабруваме и помалите дечиња да почнат да си играат со оваа одлична сликовница и да ја развијат моториката. Изработени се од високо квалитетен цврст картон со повеќе слоеви и дебелина на страниците од 4 милиметри. Има 10 вакви страници со вградени подвижни механизми и страниците се со големина 18 х 18 сантиметри.
Во секоја сликовница од серијалот, Медо Чедо има некаква задача.
Во оваа сликовница, Медо Чедо ќе се подготвува за Божик и ќе му помага на Дедо Мраз. Ќе ја полни санката со подароци, ќе носи подароци и ќе летаат заедно за подароците навреме да пристигнат кај сите.

Дополнителни информации

Тежина 0.3 кг
Димензии 18 × 18 × 2 cm
Број на страници

10 со механизми

Формат

18х18

Наслов на оригиналот

Bizzy Bear : Christmas helper

Писател

Бенџи Дејвис

Бенџи Дејвис е наградуван британски писател, илустратор и редактор на анимирани филмови. Се смета за еден најдобрите современи илустратори. Неговите сликовници се преведени на повеќе од 35 јазици и печатени се во повеќе од шест милиони примероци во различните краеви од светот.

Тој е роден 1980 година во Питербург.

Бенџи Дејвис во соработка со издавачката куќа „Nosy Crow“ постојано црта за серијалот на внимателно и стручно дизајнираните, интерактивните сликовници „Bizzy Bear“ (на македонски се Медо Чедо), кои се многу популарни во целиот свет. „Бата прес“ се приклучи на светскиот тренд и објави два негови наслови.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.