Попуст!

И за тоа ме заболе: еб*на магија што го менува животот

Original price was: 430 ден.Current price is: 300 ден.

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 30 Поени!

Опис

Дали сте анксиозни, растргнати на сто страни и незадоволни
од животот? Ви пречи што не можете да постигнете сѐ што
мислите дека треба? Немате време затоа што постојано
исполнувате наметнати обврски? Ви досади да им угодувате на
сите други, освен себеси? Тешко ви е да работите од дома?
Потврден одговор на овие прашања укажува дека е време да
престанете премногу да се возбудувате и да се грижите за она
што всушност не е толку важно.
Оваа по малку безобразна, ама многу практична книга ви
објаснува како да се ослободите од несаканите обврски, од
срамот и чувството на вина – и, наместо тоа, да се грижите за
она што ви причинува радост. Сеедно дали станува збор за
фамилијарни несогласувања, досадни прослави или за тоа како
изгледате во бикини, едноставниот метод „НеМиЕЖал“
претставен во оваа книга ќе ви помогне да го расчистите
нередот во сопствената глава и ќе ве научи на вештината да не
се грижите за глупости; со негова помош ќе добиете време,
енергија и пари и ќе ги насочите за она што навистина е битно
во животот.
„Сосема сјајно. Прочитајте. Задолжително!“
Mail on Sunday
„Ги обожавам книгите на Сара Најт и пред да почнам да ги
читам… Работат како магија.“
Sunday Times Magazine
„Главна стратегија е за себе да создадете ’соодветен буџет‘.
Прекрасен начин да ја насочите сопствената психа како што
сами сакате.“
Guardian

Дополнителни информации

ИСБН

978-608-253-302-5

Формат

А5

Година на издавање

2025

Број на страници

190

Оригинален наслов

The life-changing magic of not giving a f*ck : how to stop spending time you don’t have with people you don’t like doing things you don’t want to do / Sarah Knight

Корица

мека

Писател

Сара Најт

Сара Најт живее во Бруклин (кога во Њујорк е топло) и во Доминиканска Република (кога не е) со мажот и палавиот мачор Даг. Таа во 2015 година даде отказ во голема компанија и почна да се занимава со хонорарна работа – што ѝ овозможи помалку да се грижи поради зимата, состаноците и конференциските повици, и својата енергија да му ја посвети на сонцето и пиењето мохито. Работи како уредничка и писателка, и со највисок успех дипломираше на „Харвард“ во 2000 година, каде што исто така беше и прва претседателка на студентската драмска дружина; очекува секој миг да почнат да ја канат на матичниот универзитет да држи говори. Дознај повеќе на сајтот nofucksgivenguides.com или следи ја на Твитер или Инстаграм на @MCSnugz.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.