Индиго-солзи

200 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 20 Поени!
SKU: 978-608-253-312-4 Категории , Ознака:

„Индиго-солзи“ е бит-балада на младоста што се соочува со првите предизвици на зрелоста, рокенрол-елегија на бунтот што произлегува од бесмислените апсурдни детали на патетичноста и поетичноста меѓу сивилото на бетонот измалтретиран од туѓи солзи и чекори, како и сивилото на небото извалкано од емотивни отрови, издувни гасови и нечии туѓи фрустрации.

Многумина мислат дека денес младите се изгубени во брзината на технолошката модернизација, дека за ништо веќе немаат интерес и трпение, а идеалите ги губат со секој нареден поглед вперен во дисплејот на мобилниот телефон каде ги чекаат социјалните мрежи за во нив да бидат уловени од безидејноста. Тоа воопшто не е вистина. Стихозбирката „Индиго-солзи“ на Нино Наумовски го изнесува пред нас токму спротивното и ја демантира нашата заблуда од позиција на возрасни набљудувачи на младоста што надоаѓа.

Алек Русјаков

Читајќи ја поезијата на младиот талентиран музичар и поет Нино Наумовски се добива впечаток дека бунтот против суровата реалност, лошата политика, градскиот метеж и љубовната авантура умешно ги плете во еден конгломерат од зборови кои ја назнакуваат новата генерација, ослободена од предрасуди, чие време допрва доаѓа.

Не сакајќи да биде сместен во „рамка“, поетот поттикнува на бунт кон сè она што го ограничува и му ја одзема автентичноста на неговото постоење – со голема страст, за љубов, за болка, за чувствување. Со оваа збирка како да сака да им даде правец и поддршка на младите луѓе кои сакаат да бидат свои и да не се претопат во сивилото на медиокритетите.

Стихозбирката „Индиго-солзи“ е почеток на еден урбан бунт кој пулсира во ритамот на градот и рок-музиката, која авторот ја фаворизира влегувајќи во повеќе улоги за да го апсорбира духот на идното време.

Снежана Стојчевска

ИСБН

978-608-253-312-4

Корица

мека

Година на објавување

2025

Број на страници

55

Писател

Нино Наумовски

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×