Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9
Има ли подобро место да се започне нов живот отколку во волшебниот Њујорк?
Ирис пристигна во градот од нејзините соништа, со намера да ја почне одново нејзината кулинарска кариера и да ја остави зад себе својата болка од неодамнешното минато.
Талкајќи по улиците на познатиот фестивал за храна, Ирис се чувствува како на филм. Тогаш ќе наиде на една слаткарница што ѝ изгледа некако познато. Внатре ќе запознае човек што има навистина неодолива насмевка – и сопствени проблеми.
И како што им е пишано, Ирис е единствената личност што го има решението на неговиот проблем. Само што таа не може да му го каже тоа…
Може ли Ирис конечно да го остави минатото и да си дозволи повторно да се заљуби?
„Нежна книга што ќе допре до вашето срце, составена од совршена мешавина на состојки: Њујорк, храна, фамилија и романса!“
Софи Казинс
Од авторката на популарниот бестселер „Еден ден во декември“, по која се снима истоимената „Нетфликс“ серија.
| Тежина | 0.3 кг |
|---|---|
| Димензии | 2 × 14 × 20 cm |
| ИСБН | 978-608-253-252-3 |
| Број на страници | 335 |
| Оригинален наслов | A winter in New York / Josie Silver |
| Преведувач | Александра Златановска |
| Година на објавување | 2023 |
| Повез | Мек |
Џози Силвер е авторка на романтични љубовни приказни. Нејзиниот прв роман „Еден ден во декември“ (Бата прес, 2020 година) беше на бестселер листата на Сандеј тајмс и Њујорк тајмс и преведен е на повеќе од 30 јазици, а по истата книга се снима и серија на „Нетфликс“. Нејзини познати дела се и романите „Двајца во едно срце“ (Бата прес, 2022 година) и „Една ноќ на островот“. Џози живее во Вулверхемптон, „мал“ град во внатрешноста од Обединетото Кралство, заедно со нејзиниот сопруг и нивните синови.
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.