Двајца во едно срце

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!

Опис

Лидија и Фреди. Фреди и Лидија. Беа заедно повеќе од десет
години и мислеа дека нивната љубов е вечна. Ама погрешија.
Повеќето животни пресврти се случуваат неочекувано, по-
некогаш незабележано се лизнуваат покрај нас, па ги забе-
лежуваме дури подоцна, ако воопшто ги забележиме.
Во болната игра на судбината, Лидија останува сама. Сака
само да се заклучи во своите четири ѕида и плаче додека не
остане без солзи. Единствено олеснување ѝ носат соништата:
додека спие, како да влегува во некое паралелно сценарио во
кое ништо не се сменило.
И така, токму кога ќе почне повторно да ги прави првите,
срамежливи чекори во реалниот свет, Лидија чувствува дека
повикот на минатото ја влече наназад, таму каде што и натаму
е можен нејзиниот стар живот со Фреди.
Ама невозможно е истовремено да се живеат два животи.
Ако сака да се врати во светот во кој Фреди и натаму е жив и е
господар на нејзиното срце, мора да направи избор. Затоа што
некој во нејзиниот нов живот – нејзиниот вистински живот –
сака таа да остане.

Писател

Џози Силвер

Џози Силвер е авторка на романтични љубовни приказни. Нејзиниот прв роман „Еден ден во декември“ (Бата прес, 2020 година) беше на бестселер листата на Сандеј тајмс и Њујорк тајмс и преведен е на повеќе од 30 јазици, а по истата книга се снима и серија на „Нетфликс“. Нејзини поз­нати дела се и романите „Двајца во едно срце“ (Бата прес, 2022 година) и „Една ноќ на островот“. Џози живее во Вулверхемптон, „мал“ град во внатрешноста од Обединетото Кралство, заедно со нејзиниот сопруг и нивните синови.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.