Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9

Почитуван читателу, ако сакаш, можеш да ги промениш сите имиња во книгата… Ти одлучи!
Градот на неуредните може да е многу далеку, но и многу блиску до местото каде што живееш… Добредојде во светот каде што редот не е најважното нешто – туку фантазијата, креативноста и топлиот хаос на секојдневието. Во НЕУРЕДНИТЕ, писателката Мависел Јанер нè води низ авантура што започнува со тропање на вратата среде ноќ… и продолжува со мистериозен мајмун, нов сосед со чудна облека, паметен папагал, забава со костими, чудни лозинки и воз на чудата што доаѓа кога ќе посакаш.
Ова е роман исполнет со измислени правила, законите на Неуредните, смешни сцени, семејни разговори, измислување лозинки, и, секако – безброј моменти кога ќе се препознаеш себеси.
За децата, родителите, браќата, сестрите и сите што барем еднаш оставиле чорапи под кревет.
| Тежина | 0.5 кг |
|---|---|
| Димензии | 21 × 14 × 2 cm |
| ИСБН | 978-608-253-303-2 |
| Наслов на оригиналот | PasaklIlar Şapşal Baykuş / Mavisel Yener |
| Година на објавување | 2025 |
| Превод | Саки Јусуфоски |
| Број на страници | 183 |
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.