Објавено на Остави коментар

Сликовници за развој на моториката кај децата

Нашите први интерактивни сликовници од серијалот „За вешти прстиња“ од Бенџи Дејвис, со механизми за развој на моториката кај децата. Прозорчиња што излегуваат со помош на тркалца и други елементи што се извлекуваат и вовлекуваат и се вистинска забава за целото семејство. Книгата има и едноставен римуван текст со впечатливи, прекрасни цртежи.

„Медо Чедо гаси пожар“ и „Медо Чедо помага за Божик“ се исклучително популарни книги во светот. Еден од најпродаваните серијали, во кои најмногу ќе се пронајдат малечките од 1 до 3 години, но се разбира ги охрабруваме и помалите дечиња да почнат да си играат со оваа одлична сликовница и да ја развијат моториката. И не, нема брзо да се оштети, бидејќи се изработени од високо квалитетен цврст картон со повеќе слоеви и дебелина на страниците од 4 милиметри. Има 10 вакви страници со вградени подвижни механизми и страниците се со големина 18 х 18 сантиметри.

Во секоја сликовница од серијалот, Медо Чедо има некаква задача. Во едната тој е пожарникар и ние заедно со него ќе добиеме итен повик, а низ пожарникарската шипка, ќе го спуштиме на приземјето, ќе облече пожарникарско одело и заедно со екипата ќе го збрмчат моторот на пожарникарското возило и ќе тргнат од пожарната. Ќе се возиме низ целиот град и на крајот Медо Чедо ќе биде херој на денот.

Во другата сликовница, Медо Чедо ќе се подготвува за Божик и ќе му помага на Дедо Мраз. Ќе ја полни санката со подароци, ќе носи подароци и ќе летаат заедно за подароците навреме да пристигнат кај сите.

До недела сме во Сити мол, и им ги препорачуваме на сите млади мајки, бидејќи овие сликовници, навистина ќе им помогнат во текот на денот, со тоа што децата сами ќе си играат со сликовницата, ќе ги влечат прозорчињата и ќе се забавуваат, ќе ја подобрат моториката и прецизноста и најважно од сѐ ви гарантираме дека ќе се заљубат во Медо Чедо. А и не е лоша идеја ако познавате некоја млада мајка, да ѝ подарите една ваква предобра сликовница.

Бенџи Дејвис е наградуван британски писател, илустратор и редактор на анимирани филмови. Се смета за еден најдобрите современи илустратори. Неговите сликовници се преведени на повеќе од 35 јазици и печатени се во повеќе од шест милиони примероци во различните краеви од светот.

Тој е роден 1980 година во Питербург.

Бенџи Дејвис во соработка со издавачката куќа „Nosy Crow“ постојано црта за серијалот на внимателно и стручно дизајнираните, интерактивните сликовници „Bizzy Bear“ (на македонски се Медо Чедо), кои се многу популарни во целиот свет. „Бата прес“ се приклучи на светскиот тренд и објави два негови наслови.

Цена на сликовницата е 499 денари.

Медо Чедо гаси пожар

499 ден
Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 50 Поени!

Медо Чедо помага за Божик

499 ден
Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 50 Поени!
Објавено на Остави коментар

ОБЈАВЕНА КНИГАТА „КОЈ Е ГЛАВЕН ДЕНЕС“ ОД НАТАША КОНЦ ЛОРЕНЦУТИ

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца и млади „Кој e денес главен“ од словенечката писателка Наташа Конц Лоренцути. Книгата на македонски ја преведе универзитетската професорка Лидија Аризанковска, а илустрациите се на познатата словенечка илустраторка Тања Комадина. Објавувањето на ова дело е подржано од Европската Унија  и Министерството за култура,  во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и млади од петнаесет познати европски автори.

Книгата за деца и млади „Кој денес главен“ е духовита и интересна приказна со преубави илустрации. Приказната ја следи Ника. Таа е најмалото девојче во семејството и едвај чека да биде главна. И тоа ќе се случи, се разбира. Но, пред да биде главна треба да поминат неколку годишни времиња и треба да направи неколку урнебесни работи, да патува, да си игра, да научи нешто ново и малку да порасне…

Наташа Конц Лоренцути (1970) дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, каде што и магистрирала во 2010 година. Во периодот од 1994 година до 1999 година била ангажирана како актерка во два професионални словенечки театри, а од 1999 година се посветила на литературата. Досега има објавено тринаесет книги за деца и млади и три книги за возрасни. Нејзините книги биле номинирани за наградата „Оригинална словенечка сликовница“ и наградата „Модра птица“, а исто така по двапати за наградите „Десетница“ и „Вечерница“. Нејзината проза за возрасни трипати ја освоила наградата „Женски глас“, а два пати ја освоила наградата „Младика“ во Трст. Покрај нејзината работа како писателка, десет години предавала драма во средното училиште „Нова Горица“, каде што учениците ги играат нејзините драми.