Опис
Кога куферот што го носиме на грбот станува претежок, тогаш од него вадиме работи што не ни се потребни. Го празниме за да продолжиме напред кон целта.
Авторката го полнела својот куфер со сè она што човекот го доживува во текот на своето секојдневно битисување, па неговото празнење е всушност нејзиното душевно празнење, но истовремено и порака и завет за сите оние што тука се пронаоѓаат себеси. Очигледно човекот не станува имун на негативните емоции со кои се соочува, туку напротив – станува посилен, помудар и подостоинствен од налетот на истите.
Кратките раскази на Мартиновска напишани во прво лице, нема да ве остават рамнодушни. Ќе почувствувате како таа ви се обраќа токму вам и ви зборува за она што сите ние го доживуваме низ животниот пат, а немаме храброст да го кажеме гласно. Нејзиниот глас зборува во името на сите нас. Таа се става себеси не само како наратор, туку и како носечки лик во секој од расказите поединечно и на тој начин ја буди емпатијата кај читателот, кој несомнено ќе се соживее со секој од ликовите.
Дел од нив се објавувани низ книжевните групи на социјалните медиуми, а вниманието што го привлекоа кај читателската публика имплицираше нивно објавување во книга што ќе посакате повторно да ја отворите. Стилот на авторката ќе ве освои и ќе посакате да прочитате многу повеќе од само она што таа овде ни го претставува.
Критики
Нема критики сеуште.