Кон творештвото на Васил Тоциноски

500 ден

Содржината на книгата ја составуваат четиринаесет прилози, текстови и студии и обработуваат еден мал дел од импозантниот опус на Тоциновски. Проектот на Дрвошанов е поделен во три поглавја во кои системно и аналитички се разгледуваат и вреднуваат творечките резултати, естетските вредности од творечката лабораторија на почитуваниот поет, раскажувач, романсиер, автор за деца и млади, книжевен историчар и критичар, антологичар и преведувач.

Во двата текста на првиот циклус „Поетски интерпретации“ е разгледано поетското творештво со насловите „Затворен ковчег“, кој ја означува првата фаза на љубовна и споменична лирска читанка за детството и младоста, и втората фаза на нова поетика и естетика за „Некои златни времиња“ со филозофијата и мудроста на егзистенција на човекот и „векот“ на минливоста, бесмислата, апсурдот и парадоксот во забрзаниот и превртен 21-ви век.

Вториот циклус насловен „Книжевни толкувања“ е посветен на истражувањата и резултатите на Васил Тоциновски за традицијата и резултатите на македонската литература во 19 и 20 век, во кои посебно место и значење имаат дводомните автори кои со сопственото македонствување отвораат или поточно потврдуваат нови вистини за македонскиот идентитет и непокор.

Извонредно педантно и аналитички Васил Дрвошанов во „книжевни и публицистички расветлувања“ пишува за книгата „Коренот“, за монографскиот проект „Расказот на македонскиот 19 век“, додека во научните истражувања од втората половина на 19 век до денеска ги збогатува со нови истражувачки резултати во книгата „Предвесници“.

 

Како книжевен критичар и есеист е претставен, поточно вреднуван со книгата „Мост од ѕуница“. Македонските автори кои користат туѓојазичен исказ, а единствена и голема љубов им е татковината Македонија, се разгледувани во делата „Лов на елени“, „Златоусно слово“ и „Балкански вознеси“.

Како даровит автор и човек зналец Дрвошанов се потврдува и во завршниот циклус од книгата „Јазични анализи“ со хрватско-македонски паралели во кои се елаборирани книгата „Сушачко попладне“ и „Тело за грев“. Ги одвојуваме изразувањето на крвните сродници по нагорна линија, именувањето роднински односи, хрватските и македонските називи на сродници по брак, хрватски соматизми и нивните еквиваленти во македонскиот јазик.

Станува збор за вредно и ретко научно елаборирање на личноста и делото на Васил Тоциновски, а неговите 396 страници се читаат со интерес и леснотија како чудесна ука и поука. На нив е укажано и во завршните редови на предговорот. „Тоциновски зад себе остави и сѐ уште остава длабоки бразди во науката за книжевност и во уметничката книжевност. Овој труд не само што ги одбележува појавувањата на неговите книги, туку настојува и да ја протолкува стожерната творечка тежест во разгледуваните дела со намера да ги доосветли и да ги приближи до научната и до уметничката јавност за потемелно запознавање со дел од неговото творештво“.

Директно обраќајќи се до читателите запишува: „Вам, ви оставаме аманет самите да просудите за извонредните дела, создавани во творечката работилница на реномираниот творец и зналец проф. д-р Васил Тоциновски, кој го гради македонскиот континуитет и го дополнува македонското творештво со новооткриени дела, автори, културни настани и сл., притоа, ја заокружува нашата сознајба за нас и за нашите книжевни, културни и општествени врски со европските и другите народи, книжевности и култури, оставајќи цивилизациска трага во времето на нашето многувековно достоинствено опстојување на овие простори.“

Тежина 0.3 кг
Димензии 21 × 14 × 2 cm
ИСБН

978-608-253-333-9

Корица

мека

Година на објавување

2026

Број на страници

396

Писател

Васил Дрвошанов

Васил Дрвошанов е јазичар, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултетдипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник / редовен професор во пензија. Дрвошанов бил виш научен соработник и директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје (1990–1995); заменик-министер во Министерството за наука на Македонија (1996–1998); еден од основачите, прв продекан и редовен професор на Педагошкиот факултет во Скопје (1996–2012); главен уредник на ревијата за литература, култура и уметност на Друштвото на писателите на Македонија „Стожер” (2002–2004); уредник или соуредник на десетина зборници научни трудови и др. Со свои прилози тој има учествувано на осумдесет и пет домашни и меѓународни научни конгреси, конференции и собири. Има објавувано свои научни и стручни прилози во голем број зборници, списанија и весници. Списокот на објавените трудови содржи над четиристотини библиографски позиции.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×