Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9
Сесилија Мангера Брејнард е авторка и уредничка на повеќе од дваесет книги, меѓу кои се и романите: „Кога божицата на виножитото заплака“, „Магдалена“ и „Вдовицата од весникот“. Таа има уредувано книги, вклучувајќи ги и популарниот „Да се порасне како Филипинец: Приказни за млади“ и неговото продолжение популарниот „Да се порасне како Филипинец II“. Исто така ги уредуваше „Фикција од Филипинци во Америка“ и „Модерна фикција од Филипинци во Америка“, меѓу многу други. Нејзината збирка „Одбрани кратки приказни“ беше објавена во 2021 година од издавачката куќа на „Универзитетот Свети Тома“.
Делата на Сесилија се преведени на фински и турски јазик, а многу од нејзините раскази и статии се широко застапени во антологии.
Таа е добитничка на стипендија од Советот за уметност на Калифорнија за проза, на наградата од Фондот за уметност „Броди“, добитничка на специјална награда за признание за нејзината работа со азиско-американски млади луѓе, како и добитничка на Сертификат за признание од Сенатот на државата Калифорнија, 21-ви округ. Исто така е наградувана од филипинските и филипинско-американските заедници на кои им служела. Во 1998 година, ја доби наградата за Извонреден поединец од нејзиниот роден град Себу, Филипини. Има добиено неколку грантови во Филипините од USIS (Информативна служба на САД). Во 2001 година, ја доби наградата за уметност од списанието „Филипинас“. Нејзините книги се добитници на наградите „Гурманд“ и „Гинтонг Аклат“.
Има одржувано предавања и настапи во светски познати книжевни организации и универзитети, меѓу кои се УКЛА, Универзитетот во Јужна Калифорнија, Универзитетот во Конетикат, Универзитетот на Филипините, Меѓународната писателска организација, Културниот центар „Бијонд Барок“, „Шекспир и компанија“, познатата книжарница во Париз, и многу други. Таа ја поседува и управува со ФАИК (Филипинско-американската издавачка куќа).
Мажена е за Лорен Р. Брејнард, поранешен волонтер на Мировниот корпус во Лејте, Филипини; имаат три сина.
Нејзината официјална веб-страница е ceciliabrainard.com.
Showing all 2 resultsSorted by latest