Никола Матје

Никола Матје е роден 1978 година во Епинал, Франција. Тој студирал историја и филм во Париз. По студиите продолжил да живее и работи во Париз како новинар, а подоцна и како сценарист.
Неговата прва книга „Војна на животните“ (Aux animaux la guerre) ја објавил во 2014 година и по неа е снимена поз­натата француска ТВ серија.
Тој е добитник на најпрестижната француска награда „Гонкур“ во 2018 година за книгата „Нивните деца по нив“. По книгата беше снимен истоимениот филм што ја доживеа својата премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција во 2024 година, а филмот ја доби наградата Марчело Мастројани.
Неговата новела „Роз Ројал“ е објавена во 2019 година.
Неговиот трет роман „Конемара“ е објавен во 2022 година, а неговата најнова книга „Отвореното небо“ (Le ciel ouvert) е објавена во 2024 година.

 

Прикажан е еден резултат

Прикажан е еден резултат