Авторката Слободанка Новевска е родена во Скопје, во 1951 година. Основно образование завршила во „Браќа Миладинови“ и средно економско училиште „Борис Кидрич“ завршила во Скопје. Студирала на Економскиот факултет во Скопје.
Мајка е на три сина, баба на три внуци и една внучка, исто така веќе е и прабаба на 10 внучиња.
Уште од рано детство ја сакала поезијата, а во целиот свој работен век, пишувала и поезија, особено стихови за деца. Се гордее дека заедно со сопругот спасила детенце што се давело во реката Црни Дрим, во Струга.
Во издание на „Бата прес“, во 2023 година, ја објави поетската збирка за деца „Мили, мили дечиња“.