Натали Кокс е доживотен фан на романтични комедии и кучиња, а оваа книга ја напиша наслушувајќи го дишењето на својата стара чоколадна лабрадорка. Тие двете го освоија второто место на натпреварот на најслични кучиња со своите сопственици на локалниот панаѓур – не го понесоа трофејот само затоа што немаа исти алки. За жал, истиот ден кога Натали доби понуда од издавачот за оваа книга, нејзината кучешка муза се пресели во оној величествен парк на небото. Потоа усвои кученце данска дога, што е жив доказ дека, иако умот царува, силата движи. Натали го минува своето време меѓу Брекон Биконс во Велс и Лондон.