Од денес во сите маркети на „Стокомак“, нашата најнова книга „Опасни намери“ од Елизабет Хојт и на ваше барање безвременската книга „Снеговите на љубовта“ од Нермин Безмен по одлична цена од само 199 денари. Оваа цена важи само во маркетите на „Стокомак“ и само за време на акцијата.
И двете книги се со првенствено романси. „Опасни намери“ е прва книга од серијата книги „Мејден лејн“ и е исполнета со неизвесни случки што навистина ќе ви го задржат вниманието, но исто така е исполнета и со страсни и еротски моменти.
„Снетовите на љубовта“ е книга што предизвика неверојатен интерес во Македонија и во светот. Напишана е од Нермин Безмен и е базирана на вистинити настани, а главниот лик Курт Сеит бил офицер во руската армија и е дедо на авторката. Долги години Нермин го истражувала животот на својот дедо и неговата силна љубов кон преубавата руска благородничка Шура. Култна книга по која беше снимена серијата што се прикажуваше кај нас и достигна неверојатна популарност.
Од корицата на „Опасни намери“
„Возбудлива, романтична, психолошка
и секси сторија за најпребирливите читателки…“
Озлогласен поради своите диви, еротски потреби, Лазар Хантингтон, лордот Кер, е во потрага по бруталниот убиец во Сент Џајлс, во најозлогласениот лондонски кварт. Младата и преубава вдовица Темпранс Дус, одлично го познава Сент Џајлс – целиот живот го поминала грижејќи се за неговите деца во сиропиталиштето што го води нејзиното семејство.
Понудата на лордот Кер е едноставна: ако Темпранс му помогне да го пронајде патот низ опасните улички на Сент Џајлс, за возврат ќе ја внесе во високите лондонски кругови за да пронајде мецена за својот дом за сираци.
Но, Темпранс не е толку невина колку што можеби изгледа. Она што на почетокот изгледа како студена рамнодушност наскоро прераснува во страст што ни тој, ни таа не можат да ја контролираат и што може да ги уништи.
„Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… предизвикувачка, сензуална и забавна приказна со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“
Буклист
Од корицата на „Снеговите на љубовта“
Една снежна ноќ, додека во блескавата Москва одекнуваат нотите на Чајковски, младиот царски офицер Сеит на бал ја запознава занесната благородничка Шура. Волшебниот миг во кој погледите им се сретнуваат засекогаш ќе ја смени нивната судбина. Потполно маѓепсани еден од друг, двајцата млади знаат дека за нив никогаш не може да постои никој друг, без разлика на сѐ што ги разделува.
Од живописната Јалта на крајот на XIX век, до волшебната раскошна Москва и Цариград, оваа трогателна приказна ги следи Сеит и Шура, што во опасниот виор на историски превирања се борат само за едно – правото на своја љубов.
Првата светска војна, руската револуција, страдање, пекол… Сепак, нивните срца ќе сторат сè, за да останат посилни од татнежите на топовите.
Според безвременската и легендарна сага на Нермин Безмен, напишана по вистинити настани, снимена е една од најскапите и најпопуларните телевизиски серии која под наслов „Снеговите на љубовта“ беше прикажувана и кај нас…