Услови за здружен маркетинг

Бата прес услови за здружен маркетинг

Со регистрацијата за партнер во програмата за Здружен маркетинг на Бата прес, вие се согласувате дека ќе ги почитувате условите.

Бата прес го задржува правото да ги ажурира и менува Условите од време на време без да ве информира. Некоја новост што ќе ја дополнува постоечката програма, вклучувајќи ја реализацијата на нови алатки и ресурси, може да бидат дел од тие промени во Условите. Доколку продолжите да ја користите Програмата после такви промени треба да се држите до препорачаните услови.

Доколку ги прекршите условите подолу, може да доведе до бришење на вашата корисничка сметка и да се поништи уделот што ви е заработен додека сте ги прекршувале условите. Се согласувате да ја користите програмата за Здружен маркетинг на ваш ризик.

УСЛОВИ ЗА КОРИСНИЧКАТА СМЕТКА

  • Морате да имате 18 години или повеќе за да сте дел од оваа Програма.
  • Мора да сте жител на Македонија за да бидете партнер.
  • Мора да сте вистинска личност. Корисничките сметки регистрирани од „ботови“ или други автоматски методи се забранети.
  • Мора да го приложите вашето целосно име и презиме, валидна имејл адреса, и останати информации што се бараат со цел да се комплетира процесот на регистрација.
  • Најавите на корисничката сметка мора да бидат од една личност – една најава споделена од повеќе луѓе е забранета.
  • Вие сте одговорни за одржување на безбедноста од вашата корисничка сметка и лозинката. Бата прес нема да ја преземе одговорноста за некаква загуба.
  • Една личност или фирма не може да има повеќе од една корисничка сметка.
  • Програмата за Здружен маркетинг не може да се користи за нелегални неодоборени цели.

ЛИНКОВИ/ГРАФИКИ НА ВАШИОТ САЈТ, ВО ВАШИТЕ ИМЕЈЛОВИ, ИЛИ ДРУГИ АЛАТКИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА

Штом еднаш ќе се регистрирате на програмата за Здружен маркетинг, ќе ви биде доделен уникатен Партнерски код. Имате дозвола да постирате линкови, банери, или други графики што ги овозможуваме со вашиот Партнерски код на вашиот сајт, во вашите мејлови, или во други алатки за комуникација. Ќе ви овозможиме упатства, линкови, и други графички дизајни за да ги користите да ги поврзете вашите потенцијални купувачи со Бата прес. Можно е да го смениме дизајнот на графиката во кое било време без да ви пратиме белешка, но нема да ги смениме димензиите без некоја соодветна писмена белешка.

ПРОВИЗИЈА И ПЛАЌАЊЕ

За да може да заработите провизија од продажба на некој продукт, купувачот мора да кликне на Специјалниот линк на вашиот сајт, имејл, фејсбук, инстаграм или други алатки за комуникација на https://batapress.mk и да направи нарачка за производ за време на таа сесија.

Ќе ви платиме провизија само за линкови што се автоматски следени и има извештај преку нашиот систем. Нема да платиме провизија ако некој рече дека нарачал или ако некој рече дека го внесол Партнерскиот код, а не бил следен од нашиот систем. Можеме да платиме провизија на нарачки генерирани преку правилно формирани специјални линкови што автоматски ги следи нашиот систем.

Го задржуваме правото да ги дисквалификуваме провизиите заработени преку нелегални или сомнителни продажби или маркетинг методи.

Плаќањето започнува кога ќе имате заработено повеќе од 1000 денари од провизија. Доколку вашата корисничка сметка никогаш не ги помине овие 1000 денари, плаќањето нема да биде реализирано, освен ако за тоа не побарате да биде направено и да биде оправдано со реални причини.

РАСПОРЕД НА ПЛАЌАЊА

Ако имате над 1000 денари, ќе бидете исплатени на месечни ниво. Ако немате повеќе од 1000 денари во месецот, ќе ви бидат исплатени веднаш кога ќе ја преминете оваа сума.

ДЕФИНИЦИЈА НА КУПУВАЧ

Купувачите што ќе купат на нашата веб страница директно преку вашиот линк, се валидни купувачи за партнерска провизија.

СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ

Вашата обврска е да ги почитувате правилата пропишани на страницата за услови за користење.

УСЛОВИ ЗА ДОГОВОРОТ И ПРОГРАМАТА

договорот е започнат после вашето прифаќање за програмата за Партнерски маркетинг и ќе заврши во моментот кога ќе има незадоволна страна.

ПОНИШТУВАЊЕ ДОДГОВОР

Бата прес го задржува правото да суспендира или да ја избрише корисничката сметка и да ја одбие можноста за користење на програмата, или кој било сервис на Бата прес, од оправдана причина во кое било време. Таквото деактивирање на корисничката сметка, и целата заработена провизија на нелегален начин, Бата прес го задржува правото да не ја плати.

ПОВРЗАНОСТ НА СТРАНКИТЕ

Ние и вие сме независни договорни странки, и ништо во овој договор не формира партнерство, удел, франжиза, или вработување помеѓу двете странки. Нема да имате право да објавувате ставови во наше име.

ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ

Не сме одговорности за индиректни, посебни или последователни штети (загуба на приход, профит, податоци)

Вие прифаќате дека го прочитавте договор и се согласувате со овој договор и со сите услови и точки во договорот.

Во случај на спор, странките треба да го решат во Основиот суд во Скопје.