Објавено на Остави коментар

„Напнат, неизвесен и за мене тотално неочекуван расплет“ – Илинка Цекова

Човек од костени – Сорен Свејструп (Бата прес 2020)

Есен во Данска. Сериски убиец на улиците на Копенхаген. Жртвите се жени, самохрани мајки, чии деца се злоставувани. Ампутирани дланки, стопала, прободен череп(најчесто низ едното око) и еден печат на местото на злосторството, човече направено од костен и чкорчиња на место екстремитети е заедничкото за сите случаеви. И како сето тоа да не е доволно морбидно, на човечето се наоѓаат отпечатоци на исчезнато девојче(исчеснато веќе една цела година), ни помалку ни повеќе, ќерка на министерката за социјални работи на Данска. Како е тоа можно? Дали е жива иако случајот е затворен и виновникот е во затвор, а делото е признато? Која е воопшто врската меѓу жртвите и девојчето?
Истрагата ја водат двајца одлични детективи, едниот повратник од Европол под казна и другата со последните денови во одделот пред да биде унапредена. Двајцата трпат притисоци од надредените да не отвараат затворен случај, имаат огромен притисок од јавноста, но со интуицијата и разумот полека но сигурно го решаваат случајот.
Ова е крвав трилер, треба желудник, има злоставување деца, убиства со измачување и касапење. Напнат, неизвесен и за мене тотално неочекуван расплет.
Ако по првата книга се навестува годината, крвава ќе биде 😁.