Објавено на

Количинска акција

Драги читатели,

Од 07.05.2021 до 31.05.2021 имате можност да ги нарачате нашите книги во количинската акција. Поточно, книгите подолу можете да ги нарачате со 20% попуст, но доколку изберете две книги, автоматски пресметува дополнителен попуст од 20% (вкупно 40%), а доколку нарачате три или повеќе книги, автоматски се пресметува дополнителен попуст од 30% (вкупно 50%). Оваа акција важи за книгите подолу и важи само онлајн на нашата веб страница. Можно е да се нарача и преку социјалните мрежи преку порака, или да се јавите на нашиот телефонски број 076 636 082. Наслови во акцијата:

Време е за книга

ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА!

#времеезакнига​ е проект за подигнување на свеста за вредонста на книгите со посебен акцент на младите читатели. Целта е што повеќе да читаат книги на кое било место, во кое било време и да ги оттргнат сите непотребни оправдувања за нечитање книги. Во проектот ќе бидат преведени 10 книги од различни европски автори од 10 европски земји. Проектот е поддржан од програмата на Европската Унија – Креативна Европа. Сепак, проектот има многу поширока димензија и целта е преку различни методи да се поттикнат младите да влезат во еден поинаков свет и да читаат и да го намалат времето поминато на различните дигитални уреди, особено на телефоните… или ако веќе мора да бидат приклучени на паметните телефони, да ги користат за паметни работи и да прават нешто што ќе им подобри расположението, ќе им ја подобри меморијата, ќе го збогатат речникот, ќе се забавуваат и ќе останат позитивни. Ние веруваме дека книгите се одлична можност за тоа, без разлика дали се чита преку печатена книга, е-читач или некој друг уред.