Објавено на Остави коментар

„Сите ние сакаме да ја запознаеме таа наша посебна личност со која ќе се сакаме и ќе се чуваме засекогаш“ – Бојан Радичевски

Резенција за книгата “Еден ден во Декември” од  Џози Силвер

Една убава, релаксирачка, празнична романса која покажува дека вистинската љубов има секогаш шанса да ја дочека можноста за да почне да цвета и живее, без разлика колку време е потребно.

 Се започнува  на еден ден во декември кога празничната еуфорија започнува да зема голем замав. Лори се враќа од својата несреќна работа во еден хотел и случајно низ прозорецот здогледува еден млад дечко. И толку треба.  Еден поглед е понекогаш доволен за љубов. Тоа и се случува тука.  Лори деноноќно го бара тоа момче, за да на крај дознае една ужасна вистина. Работата се коммплицира со тоа што нејзината најдобра другарка без да знае дека тоа е момчето за кое нејзината цимерка и другарка и раскажуваше, се вљубува во него. Од тука натака почнува борбата за љубовта која зема непредвидливи насоки.

Проткаена со елементи на драма, среќа, тага, пријателство и пожртвуваност за мене претставува едно прекрасно дело.  Сите ние сакаме да ја запознаеме таа наша посебна личност со која ќе се сакаме и ќе се чуваме засекогаш. Но, тоа што се случува да го отежни патот или да го олесни патот до целта е само тест да види дали навистина го сакаме тоа кон кое целиме. Во овој случај тоа е потрагата кон нашата сродна душа.

Мене тоа што ми остави најголем впечаток е тоа што оваа книга ми покажа како личи вистинско пријателство, како изгледа вистинска љубов и едноставно борбата која се води за да сме среќни.  И понекогаш за сето тоа да започне, потребен е само еден поглед.

Бојан Радичевски