Опис
„Неговиот нов роман С(УДБА)ТА со самиот наслов го
предизвикува љубопитството на читателската публика.
Неговиот лесен, разбирлив и прифатлив начин на раскажување,
реалистички – со нафрлоци од светите книги и цитати од
еминентни светски научници од областа на филозофијата и
социологијата – го прави делото не само прифатливо за читање,
туку со својата евидентна белетристичка настојка, по примерот
на најбележитите европски белетристички романи, но и со
вешти користења на тајните на врвниот литературен, та дури и
филмски трилер го прави ова дело значаен придонес во
современата македонска литература од повеќе аспекти.
Романот тематски се зафаќа со тема што е присутна не само во
литература и уметничкото творештво воопшто, туку и во
животот уште од почетокот на цивилизацијата, што ќе рече од
почетокот на писмото и првата книга – Библијата. Нешто што во
реалниот живот и денес во 21. век во светот е особено присутно
– убиството на човек. И, пред сѐ, појавата како убијци, со
намера да или како резултат на некоја случајност, сѐ повеќе ова
човечко зло ги зафаќа младите и оние што сѐ уште се деца, не
полнолетни.“
Гоце Ристовски,
универзитетски професор,
новинар, писател и драматург
Критики
Нема критики сеуште.