Крадецот на сенки

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!

Опис

„Возбудлива, романтична, психолошка и секси сторија за најпребирливите читателки…“

Озлогласен поради своите диви, еротски потреби, Лазар Хантингтон, лордот Кер, е во потрага по бруталниот убиец во Сент Џајлс, во најозлогласениот лондонски кварт. Младата и преубава вдовица Темпранс Дус, од- лично го познава Сент Џајлс – целиот живот го поминала грижејќи се за неговите деца во сиропиталиштето што го води нејзиното семејство. Понудата на лордот Кер е едноставна: ако Темпранс му помогне да го пронајде патот низ опасните улички на Сент Џајлс, за возврат ќе ја внесе во високите лондонски кругови за да пронајде мецена за својот дом за сираци. Но, Темпранс не е толку невина колку што можеби изгледа. Она што на почетокот изгледа како студена рамнодушност наскоро прераснува во страст што ни тој, ни таа не можат да ја контролираат и што може да ги уништи. „Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… Предизвикувачка, сензуална и забавна приказна со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“

Буклист

Дополнителни информации

Тежина 0.2 кг
Димензии 2 × 14 × 20 cm
ИСБН

978-608-253-279-0

Оригинален наслов

Thief of shadows / Elizabeth Hoyt

Број на страници

310

повез

мек

Преведувачка

Симона Баткоска

Писател

Елизабет Хојт

Елизабет Хојт е уметничкиот псевдоним на Ненси М. Фини. Нејзините романи повеќепати биле на листата на најпродавани историски романси на Њујорк тајмс. Ненси, исто така, пишува современи романси под името Џулија Харпер. Со сопругот и двете деца живее во Илиноис. Има богата библиографија, а подолу се претставени насловите од серијата книги Мејден лејн:

Опасни намери (август 2010)

Забранети задоволства (февруари 2011)

Скандалозни страсти (октомври 2011)

Крадецот на сенки (јули 2012)

Господарот на темнината (февруари 2013)

Војводата од полноќ (октомври 2013)

Мил ѕвер (есен 2014)

Чувар на срцето (мај 2015)

Најслаткиот подлец (ноември 2015)

Војводата на гревот (мај 2016)

Војводата на задоволството (ноември 2016 година)

Војводата од желбата (октомври 2017)

Некогаш една месечева ноќ (новела) (јули 2016)

Еднаш на Мејден Лејн (новела) (ноември 2017)

Еднаш беше Бадник (новела) (декември 2017)

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.