Опис
По неколкуте извонредни поетски збирки, поетот Филип Георгиевски сега се пројавува како автор на роман. Уште на самиот почеток на делото, во прологот се навестува дека романот ќе има длабоко рефлексивен, психолошки и филозофски пристап: „Спротивноста го раздвижува постоењето. Ако не постои спротивност, ништо, ама баш ништо нема да се случува. Нема да постои искра за огнот, пламен за огништето и запалка за хартијата. Нема да опстои ни идејата за спротивставување, зашто таа произлегува од стравот да му опонираш на тоа што не ти се допаѓа и не се вклопува во твојата идеологија врежана во кодот на опстојување и дејствување. Тоа значи да се одбере меѓу „она што се нарекува распнат за доброто и погубен во името на злото што постојано се повторува без оглед на идентитетите што ги нарекуваме луѓе. Идентитетот е лозинката за влез…“
Александар Прокопиев
Филип Георгиевски (Скопје, 1 септември 1975) – македонски поет. Досега ги објавил стихозбирките: „Ново Видение“ (2010), „Чудодејствија“ (2011), „Под стреите на темнината“ (2011), „Соголување“ (2012), „Оросница“ (2015), „Песни за љубовта и смртта“ (2016).
Сите стихозбирки се во издание на „Бата прес“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2013 година.
Критики
Нема критики сеуште.