Опис
Добитникот на Нобеловата награда за литература, Нагиб Махфуз, во книгата „Радопис од Нубија“ совршено ги вметнува богатствата од античкото минато на неговата татковина: незаборавната љубовна приказна наспроти високата политика на Шестата династија во Египет.
Додека занесната куртизана Радопис се бања, соколот зема една од нејзините златни сандали и ја носи во скутот на фараонот Меренра II. Откако владетелот ќе слушне за неодоливата убавина на Радопис, тој сака лично да ѝ ја врати сандалата на оваа убавица. Во моментот кога ќе се сретнат, тие се веднаш обземени од страста која е многу посилна од нивната сила да одолеат. Страста се прелева во љубовна афера што создава силна завист во египетското општество. Но, заслепени од нивната љубов и вниманието што си го посветуваат меѓу себе, тие ја занемаруваат љубомората и негодувањето што постојано расте околу нив…
Нагиб Махфуз е роден на 11 декември 1911 година во Каиро, а умрел на 30 август 2006 година. Тој е египетски филозоф, романсиер и драмски писател. Во 1988 година тој стана првиот и засега единствен добитник на Нобеловата награда за литература од арапскиот свет.
Критики
Нема критики сеуште.