Снеговите на љубовта книга втора

199.00 ден

Опис

Од време на време Сеит повторно води боемски живот. Се забавува со убави жени, пие вотка. Отвора луксузни ресторани со музика и танчарки во Пера – срцето на Истанбул, како и во летувалишта на островите и бреговите на Мраморно Море. Читателот ќе дознае за што разговарал таму со турскиот претседател и војсководец Ататурк, додека на подиумот деца, врвни танчари, изведуваат казашки танци… Таму ги доживуваат најубавите љубовни мигови со Мурка. Деновите на удобниот живот и раскошните забави се далеку. Со Мурка и со ќерките се борат со немаштија, болести… Во родната Алушта на Крим, болшевиците го убиваат татко му Мирза Еминов и ја искоренуваат целата негова фамилија. Светот влезе во Втората светска војна… Со Мурка доживуваат и други семејни трагедии, кога умира нејзината најмлада сестра, а ќерката Леман, миленичка на Сеит, (мајка на авторката Нермин Безмен) има несреќен брак. Нејзиниот маж ја изневерува на најподмолен начин… Сеит е разочаран, предвреме остарен и му се враќаат спомените за првата љубов Шура…

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Снеговите на љубовта книга втора”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можеби ќе ви се допадне...