До кога само лоши вести?

400.00 ден

Опис

Еден топол летен ден, малечката Џоана Мејсон со фамилијата полека се враќа дома по нивната патека. Еден момент подоцна, таа е сведок на ужасно злосторство и животот на Џоана е променет засекогаш… Триесет години подоцна, во темната ноќ, поранешниот детектив Џексон Броди е во воз што доцни и е преполн. Задлабочен во своите мисли, одеднаш слуша шокантен звук…. На крајот на долгиот ден, шеснаесетгодишната Реџи гледа малку телевизија. Тогаш ужасна бучава ја расипува нејзината мирна ноќ.  За среќа, Реџи е спремна за секаков итен случај… Овие три и многу други ликови се среќаваат на неочекуван и на многу непредвидлив начин.  Во низа трагични настани е отсликано нашето време…
„Како во најдобрите криминални романи, драматични случки и неочекувани пресврти, со тоа што Аткинсон го преобразува жанрот“ – Индепендент
„Книга што апсолутно морате да ја прочитате!“ – Харлан Кобен
„Со станувањето крими писателка таа стана подобра литерарна писателка од кога било: забавна, интелигентна… Кејт Аткинсон е ретка ѕверка, и изненадувачка генијална романсиерка“ – Guardian
„Романот не е детективски во формална смисла на зборот, иако е полн со нерешени мистерии и неизвесност. Ова е една од ретките фикции што ѝ пркосат на категоризацијата… способноста за забележувањето на човечката природа е моќна.“ – Sunday times
„Тешко е да замислите роман што почнува на повозбудлив и по застрашувачки начин…“ – New York Times Book Review
„Пишувањето на Аткинсон е шармантно, и нејзиниот стил и остроумност секогаш се восхитувачки… Една фикција за големо уживање.“ – New York Times
Кејт Аткинсон е родена на 20 декември 1951 година. Таа е славна и наградувана британска писателка. Три пати ја освоила престижната книжевна награда Costa Book Award со романите Зад сцената на музејот, Живот по живот и Бог во урнатините. Во 2011 година за своето творештво е одликувана со Орден на Британската империја. Магистрирала англиска литература на универзитетот во Данди, а докторирала во областа на американската литература. Според сценариото за оваа и за уште три книги за поранешниот инспектор Џексон Броди снимена е телевизиска серија во продукција на познатата британска медиумска корпорација Би-Би-Си.

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“До кога само лоши вести?”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *