Опис
Првиот роман на Ахмед Абдулмагид за читателите ја претставува вистинската умешност на јазикот на овој автор – јазик што егзистира меѓу стилска елеганција и атрактивна моќ на дијалогот во повремено суптилно, а повремено поексплицитно, силно отсликување на човечките пориви и внатрешните стравови, открива некои од клучните слоеви на нарацијата како приказната за искачувањата и падовите на уметникот, за „заминувањето“ во најдлабоките простори на духовноста, за моќта на „допирањата“ на сопствената душа и нејзините нај фини „сепнувања“, па сѐ до универзалната приказна за идентитетот на поединецот во сегашниот свет на искушенија.
*
„Во овој модерен свет полн со отуѓеност и цинизам, Абдулмагид успешно создава едно мелодиско дело со речиси лирска проза, дело – што со хармониска синтеза на фантастични и реалистични елементи – го слави самосознанието, провидението, вредноста и љубовта. Тоа е дело што го демаскира негативистичкиот и танатосовскиот порив во човекот, што го слави надминувањето на внатрешното слепило, бесот, стравот, вината, изолираноста и целокупниот мрак зачаурен во човечките срца и ум. Романот на Абдулмагид е еден од оние за кои Гогољ пишуваше дека претставуваат вистинска книжевна дарба затоа што нѐ поттикнуваат да правиме добро. Да заклучиме, пишувана без ароганција, дидактички празен снобизам, песимизам и артифициелност, книгата Химна на мирот претставува реализирано и успешно дело што во својата проза крие вистинска песна и на читателот му пружа искуство на катарза.“
Кристина Кецман
Критики
Нема критики сеуште.