Помогни ми

400 ден

Опис

Асли Е. Перкер, авторката што на македонските читатели им
е позната по романите „Гробот на џелатот“ и „Рецепт за осамени
срца“, овој пат ни го довери романот „Помогни ми“, првпат обја-
вен во 2015 година.
Психолошка, суптилна, длабоко емотивна фикција, што на
моменти има елементи на љубовна романса. Главниот лик, пи-
сателката Асли, престојува во Австрија на меѓународен камп за
писатели. Неодамна ја загуби најважната личност во својот жи-
вот, нејзината баба. Таму запознава една госпоѓа, за која, според
нејзините искази, фото-албумите и другите елементи излегува
дека има 130 години.
Дали оваа стара дама е бесмртна!?
Дали мачката во куќата каде што престојува е реинкарнирана-
та верзија на нејзината баба. Во заднината на безбројните психо-
лошки и морални дилеми се појавуваат и љубовта и љубомората.
А и прашањето дали Истанбул може да биде внимателен кон ин-
валидизираните лица како Виена?
И така, низ сторијата што се одвива како приказна во при-
казна, меѓу писателите што престојуваат во Австрија се шират
остри препирки околу војните во Босна и поранешна Југосла-
вија.
Дали е оправдана еутаназијата? Колку пати човек може да
биде убиец?
Овие и други дилеми Асли Перкер мајсторски ги спојува во
прекрасна новела што е преведена на англиски, германски и на
други јазици во светот.
„Не знам, многу сум среќен што ја открив Асли Перкер. Ме
потсети малку на Алпер Џаниѓуз. Нејзините книги се полни
со такви чудни, мистериозни работи и толку пријатни читање.
Најмногу ми го привлече вниманието Рецепт за осамени срца,
дело преведено на 22 јазици.“
– Омер, Кроник Окур

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Помогни ми”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *