Опис
„… Кога дојде Рашид во училиштето, животот ми се смени на подобро. Конечно добив другар, едно дете на моја возраст, кое во клупата седи до мене и ги споделува своите мисли и чувства со мене. Подоцна ме научи како да играм подобра одбрана во кошарката и илјада и една друга работа. Но, најважно беше оти сфатив дека, доколку имаш барем еден добар другар, животот на училиште ќе ти биде супер. Па ако уште ти зборува Марија, што многу често се случува во последно време, станува сон од кој не сакаш да се разбудиш…“
Ова е само еден цитат од прекрасната илустрирана сторија на Константинос Пацарос, што сведочи за тоа како грчкото училиште ги зближува децата од различна раса и поднебје. Авторот живее во Атина и работи како воспитувач. „Кутија“ е негова прва книга. За ова дело во 2014 година ја има добиено државната награда за литература за деца. Книгата на грчки ја објави во соработка со познатиот илустратор Василис Гривас.
Критики
Нема критики сеуште.