Опис
Ника е најмалото девојче во семејството и таа едвај чека да биде главна. И кога ќе се случи тоа? На крајот на книгава! Но, пред да биде главна треба да поминат неколку годишни времиња и треба да направи неколку урнебесни работи, да патува, да си игра, да научи нешто ново и малку да порасне…
Духовита и интересна приказна со преубави илустрации.
Писателката и поетеса Наташа Конц Лоренцути, од година во година станува сѐ попрепознатлива и попопуларна авторка за млади во словенечкиот литературен простор. Таа во минатото веќе покажа дека е блиска до семејните приказни и анегдоти со сликовницата Какво дрво расте од мачор. Приказните од книгата Кој е денес главен се пријателски и духовити, а настаните се оригинални и мотивирачки. Книгата е совршена и за семејно читање. Ликовниот изглед ѝ беше доверен на младата, но сѐ поактивна и препознатлива уметничка Тања Комадина. Овој пат, нејзините илустрации се живописни и разиграни, во склад со детската живост, а со имагинативните детали не само што го придружуваат, туку и самостојно го надополнуваат текстот на Наташа Конц Лоренцути.
Критики
Нема критики сеуште.