Двајца во едно срце

430 ден

Опис

Лидија и Фреди. Фреди и Лидија. Беа заедно повеќе од десет
години и мислеа дека нивната љубов е вечна. Ама погрешија.
Повеќето животни пресврти се случуваат неочекувано, по-
некогаш незабележано се лизнуваат покрај нас, па ги забе-
лежуваме дури подоцна, ако воопшто ги забележиме.
Во болната игра на судбината, Лидија останува сама. Сака
само да се заклучи во своите четири ѕида и плаче додека не
остане без солзи. Единствено олеснување ѝ носат соништата:
додека спие, како да влегува во некое паралелно сценарио во
кое ништо не се сменило.
И така, токму кога ќе почне повторно да ги прави првите,
срамежливи чекори во реалниот свет, Лидија чувствува дека
повикот на минатото ја влече наназад, таму каде што и натаму
е можен нејзиниот стар живот со Фреди.
Ама невозможно е истовремено да се живеат два животи.
Ако сака да се врати во светот во кој Фреди и натаму е жив и е
господар на нејзиното срце, мора да направи избор. Затоа што
некој во нејзиниот нов живот – нејзиниот вистински живот –
сака таа да остане.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Двајца во едно срце”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *